Студено со северен ветар – забрана за сообраќај на тешки товарни возила на некои места


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови.

Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневните температури ќе се движат во интервал од -5 до 3 степени.

Во Скопје и околината слично време со највисока дневна температура околу 1 степен.

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на секаде кој не се задржува на коловоз. Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од неделата целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.