Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно и студено, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.
Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени – 2 степена, а висината на снежната покривка изнесува 4 сантиметри. Нула степени се регистрирани во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови и Лазарополе, 1 во Тетово, Битола и Крушево, 2 во Прилеп и Виница, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија и Струмица, 4 во Охрид, 5 во Дојран, а 6 степени над нулата во Претор и Гевгелија.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до сабота температурата ќе биде во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и значителна ниска облачност и таму дневната температура ќе биде пониска. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.