СТУДЕН ТУШ ОД БРИСЕЛ: Се појави ’нон пејпер’ за Македонија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бројните пропагандисти во Македонија, кои долго време шират шпекулации дека само да го смениме името и веднаш ќе влеземе во НАТО и ЕУ, добија студена шлаканица, и тоа токму од Европската унија. Имено, новинската агенција Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот на преговорите на Македонија за влез во Унијата.

Забелешките во документот освен за Македонија, се однесуваат и на Албанија. Според изворите на Макфакс зад негативниот документ, не стојат сите земји членки на ЕУ, и документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни. Иако еврокомесарот Јоханес Хан го потенцираше јуни како датум за отпочнување на преговорите, во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен дури идната година на пролет.

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема.

„Како што од страна на Советот секоја година се потврдува во заклучоците за проширувањето: капацитетот на ЕУ, во сите свои димензии, да интегрира нови членки мора да се земе во предвид, пред да се донесат било какви одлуки во врска со проширувањето. Во Страгегијата објавена на 6. ти февруари, самата Комисија напиша дека нашата Унија мора да биде “посилна и поцврста, пред да стане поголема“.

Се наведува дека ЕУ во моментов минувала низ една доста чувствителна фаза на реформи, и мора да се заштити соодветно за да заживее проектот за овие земји еден ден да станат членки.

„ Пред следните Европски избори, потребно е да размислиме за една стратешка агенда за новиот период кој ќе започне од Пролетта 2019 и да стане појасно што 27-те земји членки сакаат за новата ЕУ. Во овој контекст, сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети. Ја потврдуваме нашата посветеност кон европската перспектива на овие две земји и на целиот Западен Балкан, и даваме силна поддршка за значително зголемена посветеност на ЕУ во овој регион. Тука треба да ги насочиме нашите напори со цел да им помогнеме на овие земји вистински да бидат подготвени кога сите услови ќе бидат исполнети“, сметаат тие.

Советот ја зема предвид препораката на Комисијата да ги отвори пристапните преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија и повторува дека мора да се обезбеди суштински напредок во имплементацијата на Итните реформски приоритети, пред да бидат отворени пристапните преговори. Советот ќе се наврати на ПЈРМ врз основа на нов извештај од страна на Комисијата, откако ќе биде постигнат задоволителен напредок.

За опструкциите на извесни земји членки на унијата наговести и премиерот Зоран Заев на телевизискиот дуел, кога отворено кажа дека поддршка немаме од Франција и Холандија.

Интензивната дипломатија која вроди со позитивни сигнали од ЕУ, во мигот кога се бараат решенија и спорот со името, овој документ е шлаканица по ветувањата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Хан во интервјуто за германскиот весник Велт, најави дека Македонија и Албанија во јуни годинава ќе добијат препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Но, од друга страна пак на средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со премиерот Заев, немаше конкретно ветување за датум на кој ќе отпочнат преговорите.

Извор: Макфакс/Таратур