Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
НАТО денеска ги започна своите најголеми воени вежби за оваа година кои се случуваат во Норвешка. Истите ќе траат до 1 април, во време кога ескалираат тензиите меѓу Западот и Русија по московската инвазија врз Украина.
Околу 30 000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји учествуваат во вежбата „Студен одговор 2022“, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница.
Вежбата „Студен одговор 2022“, планирана долго пред инвазијата на Москва на Украина, има за цел да тестира како Норвешка ќе се справи со присуството на сојузничките засилувања на нејзината територија во согласност со член 5 од Повелбата на НАТО, кој ги повикува земјите членки да дојдат до помош на друга земја членка која била нападната.
Како и во претходните години, на вежбата учествуваат и соседните Шведска и Финска, кои се воено неутрални, но се поблиски партнери на НАТО.
„Ова е одбранбена вежба. Ова не е воена операција со офанзивна цел“, рече генералот Ингве Одло, одговорен за вежбата.
Организирани на секои две години, поморски, воздушни и копнени вежби се одржуваат на широк простор од Норвешка, вклучувајќи го и северниот поларен круг.