Студен и сончев вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денес ќе биде сончево, студено и ветровито, со појава на умерена облачност. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Максималните дневни температури денеска ќе бидат во Скопје -2 Целзиусови степени, Маврово -3, Битола и Кавадарци -4, Крива Паланка и Берово -1, Охрид 0, Дојран 4.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб на западот западен ветер. Минималните температури ќе се движат од -17 во Битола, -15 во Маврово до -8 во Скопје и – 5 во Дојран. Дневните температури ќе се движат од -4 во Маврово, 2 во Скопје и Охрид до 7 степени во Гевгелија