Студен четврток


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Четврток ќе го почнеме со прилично студено и ведро утро. Минималната температура во голем дел од котлините ќе има вредност помеѓу -6°С и -9°С.

Добра околност е што нема да има значителен ветер, па барем нема да имаме субјективно чувство на пониска температура. Денот ќе биде генерално ведар, со мала локална облачност.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 3°С и 6°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 7°С .

Скопскиот регион очекува претежно ведро време, со мала облачност. Наутро очекуваме минимална температура околу -6°С, а највисоката  дневна вредност ќе биде околу околу 5°С.