Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денешната публика не може да се насити од историја, особнео од историја презентирана како престижни телевизиски серии. А меѓу сите тие серии од морето на сериската телевизиска продукција серијалот „Чернобил“ на НВО во пет продолженија направи вистински бум меѓу публиката ширум цел свет и стана хит серија број еден која е бомбардирана со позитивни критики и пофалби.
Хит серијалот на НВО во пет епизоди има фокусирана нарација на настаните кои претходеле и довеле до нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, и настаните кои следеле по тоа.
„Материјалната култура на Советскиот Сојуз е прикажана со голема фактичка прецизност и точност какви досега не се забележани во западната телевизиска и филмска продукција, но ниту во руските телевизиски и филмски продукции, да бидеме искрени“, вели Маша Гесен за The New Yorker во врска со споменатата серија.
„Американци со советско потекло, но и руси со советско потекло, твитаат и пишуваат блогови со воодушевување од прецизноста и точноста за физичкото опкружување во кое живееле жителите на Советскиот Сојуз“, се вели во текстот.
Но, паралелно со пофалбите за серијата посветена на нуклеарната хаварија, пристигнаа и критиките за нејзината продлабочена концепција за времето и местото во кои се сместени случувањата: „Во серијата дефинитивно е потфрлено со точноста во портретирањето на односите меѓу врските на моќта во Советскиот Сојуз“, вели Гесен, додавајќи: „Покорноста и помиреноста биле дефинирачки состојби на советскиот живот. Креаторите на Чернобил замислиле конфронтација и пркосност таму каде што биле апсоултно незамисливи“.
Како и да е, и покрај сите аргументи за нелогична издржаност на серијата во однос на реалните случувања, непобитен факт е дека станува збор за одлична, феноменална серија со фантастична продукција. На крајот на краиштата, не станува збор за политичка конструкција, туку се работи за филмско дело, уметничка дисциплина која подразбира и дозволува слобода во толкувањето и начинот на прикажување на настаните.
Сепак, убаво е да се направи и види споредбата на филмскиот пристап и прикажување на нештата околу Чернобил и реалните снимки и случувања од хаваријата. А токму таков увид ни дава Томас Флет преку неговото споредбено видео со ваков концепт.