Стружани револтирани: Помош Влада! Помош Општина Струга! Помош МВР!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Струга секоја вечер е под тортура. Граѓаните се приморани да не спијат и да ја слушаат очајната музичка понуда од неколку локали во градот за кои не важи никаков закон. Полицијата се прогласува за ненадлежна иако според член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир се должни да постапат доколку е нарушена благосостојбата и мирот на граѓаните, посебно после 23 часот, се вели во апелот на граѓаните на Струга.

„Гласната музика ги попречува стружани нормално да функционираат, а туристите и гостите да се одморат. Во целиот овој општ хаос и лудило, неверојатно е како сѐ уште доаѓаат гости. Прво самото поставување на опрема за озвучување надвор од локалите е спротивна на Законот за бучава и позитивните стандарди поврзани со животната средина. Гласноста на звучниците поставени надвор од локалите е над секое пристојно ниво. Без разлика дали се работи за ден или ноќ, не постои време од денот кога човек може да води нормален разговор. Ова што се случува е изживување, а општина Струга и инспекциските служби како надлежни молчат и не реагираат.

Ја молиме јавноста, медиумите и Владата за помош. Во спротивно, граѓаните е најпаметно да откажат послушност и да ја напуштат принципиелноста во своите обврски кон државата и општината. Примитивно, бедно и неверно е дека во 21-от век во нормално општество нема да можеш да спиеш мирно во својот дом и ќе бегаш подалеку од него за да најдеш мир и сон. Помош Влада! Помош општина Струга! Помош МВР“, апелираат граѓаните на Струга.