Струшкиот турнир ова година во полн сјај- еве ја програмата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Традиционалниот струшки ракометен турнир оваа година ќе биде посилен во споредба со последните неколку сезони, како и што доликуна на реномето на оваа престижна ракометна смотра.

Овогодинешното 46-то издание денес го доби својот изглед. Ќе учествуваат осум екипи од седум различни земји, кои ќе бидат распоредени во две групи, а македонски преставници ќе бидат Струга и Еурофарм Работник.

Од странските екипи ќе учествуваат шведскиот Алингсас, турскиот Бешикташ, францускиот Тулиз, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, романската Доброгеа Суд Костанца и српскиот Железничар со Веселин Вујовиќ на клупата.

Група 1: Целје (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција), Еурофарм Работник (Македонија).

Група 2: Железничар (Србија), Доброгеа Суд Констанца (Романија), Алингсас (Шведска), Струга (Македонија).

Групната фаза се игра од 15 до 18 август, секој со секого, додека на 19 август се закажани финалните натпревари.