Струшкиот градоначалник Мерко позитивен на коронавирус


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко позитивен на Ковид-19 и е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат од партијата за медиумите.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е хоспитализиран на клиниката за инфективни болести во Скопје и е во добра состојба, тврди за Телма раководител на сектор во општинските служби. Мерко е позитивен на корона вирусот и сам заминал во Скопје бидејќи се почувствувал заслабнат, но е во добра состојба, вели раководителот од општината.

Од инфективната клиника во Скопје само потврдија дека Мерко е сместен кај нив, но во интерес на пациентот и заштитата на неговите лични медицински податоци не споделуваат информација за здравствената состојба.

Од општина Струга нема повеќе детали за број на вработени кои се во изолација и се заболени.

Мерко е 6-ти градоначалник кој е позитивен на Ковид-19. Пред него од корона заболеа и оздравеа градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, првите луѓе на скопските општини Газибаба и Чаир, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и градоначалникот на општина Чешиново-Облешево.