Струмица ја погоди невреме со обилни врнежи од дожд и град – градските улици поплавени (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Силно невреме со пороен дожд проследено и со врнежи од град синоќа ја зафати Струмица.

Како што објави Струмица денес и според коментарите на граѓаните на социјалните мрежи невремето било проследено со леден дожд.

Невремето предизвикало поплави по улиците во пониските делови од градот, а дел од градското подрачје е без електрична енергија.

„Вечерва Струмица, особено во делот на улица Млaдинска повторно е жртва на лошата атмосферска канализација, несоодветната инфраструктура но очигледно и слабото одржување на канализацијата. Вечерва времето потсетува дека главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“, стои во објавата на Фејсбук на Струмица денес.