Струмичанка се обидела да го отруе сопругот со кафе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


39-годишна струмичанка е осомничена дека се обидела да го отруе сопругот. Одредена и е мерка притвор од 30 дена.

Таа се сомничи за кривично дело „убиство во обид“. На 7 јуни во семејниот дом во селото Иловица, жената му сварила кафе на сопругот и но него ставила течно нсредство хербицид „моносан Херби“.

Откако сопругот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.