Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ќе биде домаќин на неколку перформативни сценски настапи на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија – Скопје, Струмица и Гевгелија.
Планираните поетско-сценски перформанси се закажани да се реализираат на:
• 10 мај 2017 година (среда) во 20:00 часот во Магор Book Coffee – Скопје,
• 11 мај 2017 година (четврток) во 20:00 часот во Сцена 112 – Струмица и
• 13 мај 2017 година (сабота) во 20:00 часот во Галерија „Амам“ – Гевгелија.
Во досегашните проектни активности здружението „Контекст – Струмица“ реализирал многубројни настани и гостувања на автори од Македонија и светот. Забележително е да се нагласат гостувањата на Мајкл Ротенберг и Тери Керион (USA), Лесја Мудрак (Украина), Дениса Дуран (Романија), Јоханес Беилхарц (Германија), Мохамад Фарахат и Мухамед Магди (Египет), Јан Мок (Хонконг), како и на македонските книжевни автори Давор Стојановски, Ана Голејшка, Ѓоко Здравеки, Искра Донева, Борче Панов, Иванка Апостоловa,, Бобан Богатиновски, Марта Марковска, Тихомир Јанчовски, Славица Гаџова, Јосип Коцев и др.
Рајан Галер (Ryan Galer) е писател, сценски, концептуален/ сатиричен перформанс артист и филмски режисер, мултидисциплинарен уметник којшто работи во областа на концептуалниот перформанс, уличната перформативна интерактивна анимација и сѐ што е поврзано со овие форми на уметност. Роден е 1989 година, во малиот град Нова Англија, САД.
Рајан Галер има дипломирано на Универзитетот Браун, 2012 година, на Род Ајленд школата за дизајн, комплетирајќи тези поврзани со сценско/ продукциски развој на филм. Потоа се преселува во Париз, Франција, каде се посветува на неговите перформативни настапи кои ги има одржано на многу познати јавни плоштади, паркови, метро станици и приватни резиденции. Неговата прва изложба, исто така, дел од експериментален театар, ја има одржано во неговата спална соба во почетокот на декември 2016 година.
Ребека Ларкин (Rebecca Larkin) студирала книжевност и историја на уметност во Англија и Франција, а во моментот живее во Париз веќе неколку години. Таа е поет, љубител на куклен театар и жесток инвентивен перформативен уметник. Ребека исто така сака да си игра со конструкциите на зборовите.
*Ова е уште еден од серијата настани кои имаат за цел промоција на автори од светот кои го заслужуваат вниманието да бидат претставени во Македонија, а покрај овие настани, здружението „Контекст – Струмица“ е домаќин на меѓународниот фестивал 100 Илјади поетки за промена, редовните настани од областа на поезијата „Роднокрајни поетски средби“, координатор на Школата за поезија – Делегација Македонија која е дел од Светската унија на поети, голем број на работилници за креативно пишување, онлајн промоција на е-зборници со социјално ангажирана поезија, хуманитарни настани, проекти за развој на креативни индустрии, првиот poetry slam настан во Струмица, дел од тимот кој ја креираше Стратегијата за развој на култура на општина Струмица и една од носечните организации за култура во Југоисточниот дел од Македонија која со своите активности досега остварила вмрежување со речиси сите поголеми и помали општини, институции и организации од тој регион.