Структурни промени во врвот на гигантот „Daimler“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со промените на управната хиерархија во врвот на германскиот гигант „Daimler“, од 2019 година на местото од Дитер Цетче ќе биде поставен Ола Калениус.

Цетче ќе паузира две години пред во 2021-ва да го замени Манфред Бишоф на местото директор на Надзорниот одбор, втората клучна позиција во корпорацијата од Штутгарт.

Новиот директор на Управниот одобр Калениус е во „Daimler“ oд 1995-та година, со пауза од 2003-2005-та кога беше извршен директор на „McLaren“.

Тој беше директор на маркетинг и продажба, а на новата функција пристигнува од позицијата директор за развој на автомобилите „Mercedes-Benz“.

„На различни позиции во „Daimler“, Калениус го стекна не само моето почитување, туку и признание од своите колеги во различни области. Истовремено, допринесе со вредната меѓународна перспектива. Задоволен сум од оваа одлука“, рече Цетче.

Цетче е во „Daimler“ oд 1976-та, член на УО стана дел на крајот на 1998-ма, за во 2005-та да стане директор на „Mercedes-Benz“.