Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На денешната пресконференција од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја соопштија новата цена на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски посочи дека цената на струјата се накачува за 9,48%, додека пак се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот.
Тој додаде дека ноќната евтина тарифа и таа во недела остануваат на сила.
Бислимовски вели дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемела за 14,23%.