Стручни совети за правилно вежбање на трудниците


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вежбањето додека жените се во бремена состојба во голема мера може да придонесе за одржување на физичката енергија, кондицијата, телесната форма и целокупната здравствена состојба генерално. Но, вебжањето треба да се практикува на правилен начин.

Не слушајте ги советите на пријателките, туку слушајте го вашиот лекар и вашето тело.

Во текот на бременоста, сите околу вас имаат мислење за сè: што (не) треба да јадете, како да се облекувате, дали и колку може да вежбате.

Вашата безбедност и безбедноста и на бебето се во преден план, но не мора да престанете да вежбате доколку уживате во тоа.

Фитнес тренерот, Роузи Стокли, има неколку совети за тоа како да вежбате безбедно со бебе во стомакот.

Првите 12. недели телото е преплавено со хормони и можеби ќе имате мачнини, ќе бидете уморни и анксиозни. Се препорачува со вежбање да се започне од 13. недела хормоните се стабилизираат и многу трудници тогаш имаат повеќе енергија и се позитивни.

Умерената физичка активност во текот на бременоста е корисна

Колку повеќе сте активни во време на бременоста, толку повеќе ќе биде полесно да се прилагодите на промената на телото и вишокот килограми што ги добивате. Исто така, тоа може да го олесни породувањето и да ви помогне да се вратите во форма после породувањето.

Практикувајте јога

Во многу градови постојат часови за јога или пилатес за трудници, каде вежбите се прилагодени на промените во телото и подготвување на мускулите за породување.

Не правете вежби на кои мора да лежите на грб, важно е никако да не го ограничувате дотокот на крв во текот на овие девет месеци.

Телесна температура

Внимавајте на телесната температура, не правете напорни вежби. Внесувајте течности и правете паузи.