Стручната комисија за случајот Веапоска: Велат дека немало лекарска грешка – органите биле извадени поради крварење и хематом


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стручниот надзор од страна на Министерството за здравство во болницата во Струга во врска со случајот на родилката Јилдиз Веапоска заврши, а со тоа истиот е пред самиот епилог.

Како што дознава „Слободен печат“, единствена недоследност во нејзиниот случај е грешката со полот на бебето, кое било заведено како машко, а Веапоска родила девојче.

Поради проблеми и болки кои се јавиле по породувањето, таа морала да биде повторно оперирана. При отварање на абдоменот, констатирано е крварење околу репродуктивната регија и бубрезите. Како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката