Стриже овци, продава слатки, игра фудбал – вака Борис Џонсон им се умилкува на гласачите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот британски премиер Борис Џонсон цврсто најави дека ќе се бори за секој глас до парламентарните избори во Велика Британија кои се закажани во четврток.

Неговата Конзервативна партија, според последните анкети, води пред лабористите, а за тоа така да остане се потруди и самиот Џонсон, кој правеше различни работи за да им се допадне на граѓаните.

Џонсон последните денови ги посети, рибарите, слаткарите, трговците, играше фудбал, возеше формула, стрижеше овци – сето тоа само да ја задржи и дополнително придобие довербата од граѓаните.