Стремиме кон нефункционалност: Полека се блокираат сите институции во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проблемот со локалните избори е резултат на големата слика на политичката криза во државава, веќе сите проблеми произлегуваат од иницијалниот, неформирањето влада, смета професорот Денко Малески, a пренесува Плусинфо.

Во светлината на ситуацијата на конституирањето на влада е и проблемот со локалните избори. Не сум многу загрижен за локалните затоа што целото внимание мора да се насочи кон разрешување на големата криза и мирно предавање на власта на партиите кои формираа мнозинство, изјави за Плусинфо, Денко Малески.

Според него, треба да се бараат сите можни решенија да не дојде до директна конфронтација меѓу власта и опозицијата, затоа што, како што вели таквата конфронтација може да ја влоши ситуацијата.

Слични пораки упати и Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, која во очи на претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на Унијата најави дека очекува брзо формирање влада и нормализирање на демократските текови во Македонија.

Според актуелниот изборен законик, локалните избори може да ги распише само претседателот на Собранието, што дополнително ја усложнува работата. Собранието беше конституирано, но немаше согласност за избор на претседател на Законодавниот дом.

Од ноќеска веќе е пробиен рокот за распишување на редовните локални избори, со што институционалната криза во Македонија метастазираше на уште едно ниво на власта, локалната.

На 20ти март би требало да истече мандатот на актуелните градоначалници кои потоа ќе треба да делегираат лице во општината, државен службеник на раководна позиција, на кое ќе му пренесат дел од своите надлжености. Во општините ќе има само тековни активности, како што е плата за општинарите, но нема да има нови вработувања ниту пак носења на ДУПовите.