Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Снег почна да врне во планинските предели на Грција, а околу Атина силен ветер корнеше дрвја, додека југот на Грција го погоди земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.
Поради силниот ветер кој ја погоди Грција властите мораа да затворат многу училишта, бројни траекти не сообраќаа, а летовите се одложени.
Ветерот корнел дрвја кои паѓале врз далекуводите во северното предградие на Атина, а пожарните служби велат дека примиле над 350 повици за да ги отстранат остатоците од дрвата. Властите во оштината Сароник, во близина на Атина, на островите Закинтос, Андрос и Миконос наредија училиштата да останат затворени.
На островот Кефалонија училиштата се евакуирани поради шумски пожар кој се разгорел од силниот ветер, пренесе АП. Властите велат дека одлуката е донесена од претпазливост, но и дека итните служби се во приправна состојба зошто се очекува влошување на временските прилики.
Од силниот ветер се урна минарето минарето на џамијата Аслан-паша во Јанина, кое датира од 17 век, објавија градските власти во четвртокот.
За минарето биле закажани за поправки поради проблемите во изминатите неколку години, но тие не се започнати, па ослабената структура се распадна пред налетот на ветрот.
Историската џамија била изградена во 1618 година, а во моментов се наоѓа под заштита на општинскиот музеј.
Во меѓувреме од Институтот за геодинамика соопштија дека земјотрес со јачина до 5 степени по Рихтерова скаал го погоди југо на Грција. Во земјотресот немало жртви, ниту е причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 245 км југозападно од Атина, во Пилос, соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар.
А на грчките планини утрово падна и првиот снег – среде септември, кога не му е време. На приморјето се уште е лето и летувалиштата се и натаму полни.