Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чуварката од зоолошката градина во руски Калининград влезе во делот каде што го чуваат сибирскиот тигар за да му остави храна на џиновскиот примерок од овој вид, мислејќи дека животното е затворено во друг дел од зоолошката.
Но, очигледно дојде до грешка и недоразбирање кое скапо ја чинеше хранителката, бидејќи тигарот беше слободен и се нафрли врз неа.
И покрај тоа што претрпе гризови и гребаници, таа извлече жива глава, бидејќи посетителите успеаја да го избркаат животното од неа со помош на гласно викање и фрлање предмети кои им се најдоа при рака.
Тие, меѓу другото, се послужија и со камења, но и столови и маси од блиското кафуле, за на крајот да успеат да му го свртат вниманието на тигарот додека чуварката не побегна на безбедно. На 16 години стариот тигар ова му е прв пат да нападне човек во зоолошката.
Чуварката претрпе тешки повреди од нападот, но е надвор од животна опасност и веќе се опоравува.
Сибирскиот тигар е најголем вид на тигар на светот, а од зоолошката порачаа дека овој примерок не планираат да го успијат поради нападот.