Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Малиот Мухамед Ехаб од Каиро, Египет, беше нападнат од две разгневени кучиња на една од градските улици, пред еден станбен комплекс.
Снимката на безбедносните камери прикажува како детето стои со пријателите и неколку секунди подоцна почнуваат да бегаат откако ги здогледале кучињата.
За жал, кучињата го стигнале Мухамед и почнале да го напаѓаат. Тогаш се појавиле две жени во кадарот. Непознатата жена скокнала пред детето за да го заштити, а другата жена, за која се верува дека е сопственик на едно кучињата, го фатила кучето за опашка.
Детето е пренесено во болница со сериозни повреди. Родителите покренале тужба против сопственичката на кучето.