Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повеќе сојузни држави во САД деновиве се погодени од серија торнада кои пустошат и оставаат ужасни сцени зад себе во погодените места. Засега црната статистика од оваа стравична појава во САД е едно загинато лице и стотици повредени.
Метеоролозите соопштија дека во понеделникот САД ги погодиле вкупно 55 торнада и оти во неколку сојузни држави има сериозни поплави. Иако честата појава на торнада во овој период од годината не е изненадување, метеоролозите се загрижени од силината на ветровите и географското подрачје коешто го имаат зафатено.
Имено, единствената жртва досега, 82 годишен маж, загинал кога во неговата куќа удрил автомобил носен од виорот на торнадото.