Стравична сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово, загина едно лице


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


45-годишна жена загина во сообраќајна несреќа која се случи претпладнево на автопатот Скопје – Тетово.

Нејзиното возило, кое имало американски таблички, излетало и се превртело на патот, при што загинала на местото на несреќата. Според првичните информации, таа изгубила контрола над џипот, излегла од коловозната лента и се превртела.

„Денеска околу 10:50 часот на автопатот Скопје-Тетово кај надвозникот Дебарца, поточно на почетокот на Еребино, се случи сообраќајна незгода каде автомобил тојота со странски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот, така што возачот жена Ф.Л., 45 години, го загубила животот од здобиените повреди. Имајќи во предвид дека за два дена имавме две сообраќани несреќи со смртни последици, ја користам можноста да апелирам да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, бидејќи знаеме дека во овие несреќи причина број еден е пребрзото возење“, изјави Фатмир Реџепи Портпарол на СВР Тетово.