Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Персоналот од обезбедувањето на една железничка станица во Кина беа сведоци на чуден и по малку бизарен инцидент во кој една жена влезе во апаратот за проверка на багажот, сакајќи да ја држи на око својата торба.
Обезбедувањето кое преку рентген го проверува багажот на патниците се шокирало кога на мониторот ја здогледале женската силуета.
Жената се качила на подвижната лента и на колена се навалила над торбата.
Подоцна таа објаснила дека се плашела оти некој ќе ѝ ја украде торбата доколку таа не е покрај неа.