Home Актуелно Страст од зад грб: Жежок бакнеж од Рама за Мелони (снимка)

Страст од зад грб: Жежок бакнеж од Рама за Мелони (снимка)

Премиерот на Албанија Еди Рама јавноста веќе навикна да го гледа во неконвенционално издание и со исто такво однесување.

Овој пат Рама ги изненади сите, особено италијанската премиерка Џорџа Мелони, со својот потег на неодамнешниот самит на Европската политичка заедница во Кишињев.

Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, Рама и пријде одзади на премиерката на Италија, буквално ја грабна во силна прегратка и ја бакна во образот.

Интимноста на Рама со светските лидери првпат се најде во фокусот на медиумите кога тој го бакна Жан-Клод Јункер за време на состанокот во 2019 година.

Тој ја бакна раката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на минатогодишниот самит во Тирана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Одри Хепберн: Тајните на нејзината вечна убавина и неповторлива елеганција

Тајните на вечната убавина и ненадмината елеганција на Одри Хепберн Одри Хепберн, родена н…