Home Актуелно Страшни вести од Аргентина: Фудбалер си го претепал и силувал петгодишниот внук

Страшни вести од Аргентина: Фудбалер си го претепал и силувал петгодишниот внук

Страшни вести ни доаѓаат од Аргентина, каде што фудбалерот на Дефенсорес де Белграно, Гонзало Агире е обвинет за силување и убиство.

Агире е уапсен под сомневање дека силувал и претепал до смрт петгодишно момче кое било негов внук…

Оваа вест прво ја пренесуваа локалните медиуми, а потоа и голем дел од светските.

Меѓутоа локалните медиуми одат чекор подалеку и тврдат дека Агире во полиција го признал делото.

Наводно тој прво кажал дека детето се загушило додека било во бањата, но после извршената аутопсија било докажано дека детето е претепано и силувано, па обвинетиот го признал страшниот чин.

Од клубот во кој настапуваше потврдија дека имал проблем со однесувањето, но никогаш не можеле ниту да се посомневаат дека е спремен за такво нешто.

https://twitter.com/AngeloVizziniP/status/995075408138854401

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…