Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Страшна сообраќајна несреќа се случи на автопатот Гостивар – Тетово, кога се судрија „туарег” и „мерцедес” околу седум часот изутринава.
Според првичните информации на МВР, загина 68-годишна жена од Кичевско, а неколкумина се повредени. Веќе покојната, управувала патничко моторно возило Мерцедес, а останатите четворица Туарег од околината на Дебар и патувале кон скопскиот Аеродром. Полициски екипи и истражен судија вршат увид на местото на несреќата.
Од тетовската болница за порталот „Тетова1“ откриваат дека кај нив се донесени 4 повредени лица, една жена и тројца мажи.
Според информациите на „Тетова1“ на Клиничката болница во Тетово Хоспитализирани се: Арбен Клобучишта, Мерсим Колеци, Ариф Колеци и Блериме Клобучишта.
Фото: Алсат