Актуелно

Страшна сообраќајка близу Ресен

soobrakjajka

Тешка сообраќајна несреќа се случи сношти во 20 часот и 30 минути кај местото Крушје, на патниот правец Ресен-Охрид. Поради тоа патниот правец два часа беше во прекин во двата правци за сите видови на возила, информираа од Автомотосојузот на Македонија.

Според информации од Канал 5, во сообраќајката се повредени тројца. Сите повредени се префрлени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Според првичните информации во несреќата учествувале две патнички возила, едното со охридски, а другото со вевчански регистарски таблички.

Поради несреќата извесен период сообраќајот на овој патен правец беше во прекин, а по завршувањето на увидот тој е нормализиран.

Полицијата работи на утврдување на причините за незгодата.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top