Странците поиндиферентни на земјотресите во Охрид, домашните туристи претпазливи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Немаме некој позначајни откажувања поготово од странските гости. Хотелите се исполнети со странски туристи. Тие дури сега разбираат што се случува тука, но откажувања нема, освен по две три на група од 50 гости, што се случува и кога е мирно. Потпретпазливи во резервациите засега се домашните туристи, вели Крсте Блажески од ХОТАM.

За разлика од домашните, странскитее туристи речиси и да не обраќаат внимание на земјотресите кои повеќе од три недели го тресат Охрид.

Не чувстувам страв воопшто, Во Холандија исто така имаме земјотреси, не се плашиме. Го поминуваме нашето време во Охрид според предвиденото, вчера бевме на планина цел ден, па уморни си легнавме. Се чувствуваме најнормално, изјави туристка од Холандија.

По земјотресот од 5 степени по Рихтер што се случи на 3 јули сеизмолозите сметаат дека не треба да се очекува посилен потрес, укажувајќи дека тлото ќе се тресе уште извесен период, но дел од граѓаните на Охрид од предострожност се уште спијат во кампови или во автомобили под отворено небо.

ОхридЊуз