Странските инвеститори се жалаат дека кај нас има дефицит на стручен кадар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија има недостиг на стручни кадри. Потребни се реформи во образованието- алармира Советот на странски инвеститори во Стопанската комора на Македонија. Анкетирале 40 компании, кои во наредните 3 години ќе имаат потреба од 5 илјади работници.

Странските компании не можат да најдат стручен кадар. Анкетата на Советот покажала дека 40 компании со странски капитал во земјава не можат да најдат работници и да пополнат 2.000 работни места. Најголема потреба има за луѓе кои работат на машини, за механичари, леари. Сепак, оние кои конкурираат ги немаат потребни вештини и искуства.  Советот бара брзи реформи во образованието по теркот на дуалниот систем , кој се практикува во Швајцарија, Германија и во Австрија.

Компаниите во последните 12 месеци имале потреба од 450 до 500 физички работници. Повеќе од половина од компаниите се соочиле со потешкотии да пронајдат ваков вид работници, изјави Штефан Питер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Дел од странските компании се подготвени да примат ученици на пракса.

Некои компании се подготвени да го преземат првиот чекор и да стапат во директна соработка со средните стручни училишта. Не мислам само на компаниите на странските инвеститори, туку и на домашните компании, додаде Питер.

Компаниите со странски капитал во земјава во наредните три години можат да отворат и 5.000 работни места, но ако проблемот со работната сила остане нерешен, ќе треба да го преселат производството. Сметаат дека проблем е што не е изграден систем на градење кариера со доживотно учење, туку со факултетот.