Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секс симболот кој жареше и палеше на ТВ екраните во деведесеттите години од минатиот век, славната актерка Шерон Стоун по неколку години пауза од Холивуд, минатата година се врати во актерските води и глумеше во неколку филмови.
Стоун во 2001 година, на 43 години преживеала мозочен удар, после кој ѝ биле потребни неколку години за да се опорави. Повторно морала да учи да оди, пишува и чита, а кажува дека живтот целосно ѝ се променил по тоа.
„Имав пет отсто шанси за преживување. Кога се вратив дома од болница едвај можев да одам. Колковите ми беа нестабилни и не ја чувствував левата нога. Целата лева страна на телото ми беше мртва, не гледав на левото око и не слушав на левото уво. Морав повторно да учам да говорам, читам и пишувам. Три години не знаев да си го напишам моето име“, раскажува глумицата, која сега е целосно вратена во форма после лошите здравствени проблеми.
Еден од проблемите ѝ бил губењето на сеќавањето, односно тоа што не можела да помни нови информации, па поради тоа не можела ни да глуми.