Home Актуелно Стотици Украинци дневно гинат во жестоките битки во Донбас

Стотици Украинци дневно гинат во жестоките битки во Донбас

Украинските сили бројат човечки загуби во убиени и ранети во Донбас и до илјада луѓе дневно. Ова го изјави шефот на фракцијата на партијата Слуга на народот во Врховната Рада и шефот на украинската делегација на мировните преговори со Русија Даид Арахамија за време на посетата на САД, пренесува „Аксиос“.

Според Арахамија, во Донбас секој ден умираат меѓу 200 и 500 украински војници; бројот на повредените е „многу поголем“, пишува „Аксиос“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот на мај изјави дека земјата секојдневно има меѓу 60-100 луѓе убиени во Донбас и 500 ранети. Според Арахамиа, бројот на жртвите значително се зголемил во последните две недели.

Украина мобилизираше милион луѓе во армијата и може да мобилизира уште два милиони, но тие треба да бидат вооружени, рече Арахамија: „Имаме луѓе обучени за напад, контранапад, но за ова е потребно оружје“.

Арахамија ја предводи украинската делегација во Вашингтон оваа недела за да лобира кај администрацијата на Бајден и Конгресот да го зголемат темпото на испорака на оружје и да ја признаат Русија како државен спонзор на тероризмот – тема што тој рече дека планира да ја покренe со претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…