Стотици повредени во серијата земјотреси кои ја погодија Албанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стотици повредени е епилогот од серијата земјотреси кои изминатиот викенд ја погодија Албанија. Дел од инфраструктурата е тешко оштетена, но за среќа, нема мртви во земјотресите.

На преку 80 лица во албанската престолнина Тирана и блискиот пристанишен град Драч, според Министерството за здравство, им е пружена здравствена помош во болниците. Во повеќе градови и села дошло до прекин на електричната енергија и телефонските линии. Населението било во паника по главниот потрес со сила од 5,6 степени со епицентар во околината на Драч, како и серијата последователни потреси. Земјотресите се почувствувани и во соседните С. Македонија, Црна Гора, но и во Италија. Во Тирана се оштетени повеќе објекти, некои морале да бидат евакуирани.

Албанскиот премиер Еди Рама поради земјотресите ја откажа планираната посета на САД.