Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Директорката за фотографија на National Geographic, Сара Лин, прегледа милиони фотографии од цел свет, за од нив да ги избере 100-те најдобри за 2018 година според критериумите на престижното списание.
Лин проценува дека досега во животот има прегледано толку фотографии „колку што има ѕвезди на небото“, поради што е тешко да ги издвои најдобрите. Сепак, таа тоа го прави секоја година.
Меѓу пристигнатите над 2 милиони фотографии, таа ги избра најдобрите 100 за годината на изминување. Секоја од фотографиите има своја приказна, а приказните се објавени на National Geographic. Сепак, фотографиите најчесто говорат повеќе од самите приказни, или во најмала рака, максимално ги надополнуваат.
Ние, тука, во прилог, ви пренесуваме една десеттина од интегралниот избор.