Стоматолозите на 15. јуни на протест пред Министерството за здравство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина (ЗПЗСУ ПДДМ) в среда 15 ти јуни пред Министерството за здравство во Скопје ќе одржи протест под мотото „ Да го повратиме нашето лично достоинство и достоинството на професијата“.

Протестот е со цел да го искажат незадоволството од крајно лошата ситуација во која се наоѓаат, како и од игнорантскиот однос на Министерот за здравство кон поднесените предлози и барања на здружението за начинот на финансирање на стоматолошка здравствена заштита.

Клучни барања:

Промена на начинот на исплата во стоматологија преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите. Оваа сума да биде исплатена врз основ на постоење на тим во мрежата, согласно член 28 од законот за здравствена заштита, а не врз основ на запишани пациенти.

Укинување на матичен стоматолог.

Промена на Уредбата на Владата за утврдување на мрежата – Оптимализација на бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците /пациентите без осигурување, согласно последните демогравски податоци од пописот и согласно светските стандарди и усвојување на методологијата за пресметка на цени, а согласно законот за здравствена заштита член 17 став 3 од Законот за Здравствена заштита.

Да се зголеми буџетот за стоматологија соодветно на потребите за исплата на фиксниот дел по тим.

Корегирање и јасно дефинирање на постоечката листа на услуги согласно законот за здравствено осигурување.

Корекција на постоечкиот износ на партиципација во стоматолошката здравствена заштита согласно растот на цените за потребните материјални и основни трошоци користени при секоја интервенција или преглед.

На здравствените установи надвор од мрежата да им се овозможи издавање на рецепти, упати, боледувања и да се изостави потребата од квалитетна финансиска гаранција од ликвидна банка или хипотека на недвижен имот.

Поради тесната поврзаност на примарната и секундарната стоматолошка дејност, овозможување на регистрација и функционирање на поликлиники составени од примарна и секундарна стоматолошка дејност како и склучување на договори за работа помеѓу приватни здравствени установи од примарна и секундарна стоматолошка дејност.