Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупредува дека постоечката западна понуда на муниција „не е одржлива“ на сегашното ниво, бидејќи потрошувачката е многу поголема.
Столтенберг оцени дека конфликтот во Украина сега станува „битка на логистика“, па сојузниците на Киев мора да го засилат производството.
„Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка на Украина е да го направиме она што сега почнавме да го правиме, а тоа е да се ангажираме со одбранбената индустрија за да бидеме сигурни дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори“, додаде тој.
Меѓутоа, истакна дека НАТО „ќе стои со Украина колку што ќе биде потребно“.
„Не можеме да дозволиме (рускиот претседател Владимир) Путин да победи во Украина. Тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас“, кажа Столтенберг.
На прашањето дали на Украина ќе ѝ биде дозволено да се придружи на воениот сојуз, одговори дека ставот на западниот воен пакт е непроменет.
„Украина ќе стане членка на НАТО, но сега фокусот е да се обезбеди да остане суверена, независна нација во Европа“, додаде генералниот секретар на НАТО.