Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека откако ќе се завршат сите процедури од договорот со Грција, Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.
На денешната пре-конференција Столтенберг рече дека Македонија ќе стане членка на НАТО под новото име Република Северна Македонија.
– Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатиот месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена – изјави Столтенберг.