Столтенберг очекува Македонија да добие покана за НАТО на самитот во јули


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека очекува Македонија да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата.

„Она што може да се очекува е дека на Самитот НАТО ќе ја покани поранешната југословенска Република Македонија да ги започне пристапните преговори за членство во Алијансата, а потоа, кога договорот меѓу Скопје и Атина ќе биде финализиран со референдум, ќе може да ја покани земјата да биде и целосна членка на НАТО“, изјави Столтенберг за Слободна Европа.

Првиот човек на Алијансата вели дека во случајот на Македонија е оптимист и дека се надева и очекува на Самитот да биде донесена таква одлука.

„Се разбира, се надевам дека на референдумот мнозинството ќе се изјасни за поддршка на договорот, бидејќи тоа е историска шанса за влез во НАТО и граѓаните на ПЈРМ треба да ја искористат, да кажат да и земјата да се зачлени во НАТО“, рече Столтенберг.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули годинава.