Столтенберг им пиша на Заев и Ципрас: Преспанскиот договор да се финализира до 15 февруари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг преку писмо упатил повик парламентите во Скопје и во Атина до 15 февруари да ги завршат сите процедури и да го потврдат догворот од Преспа , пренесува Катимерини. Весникот повикувајки се на извори од алијансата , коментира дека сојузниците инсистираат на брзо темпо, што веке е прифатено во Скопје, а Атина , сакала или не, ќе мора да го следи.

Екатимерини прогнозира дека најверојатно до 10 јануари преспанкиот договор ке помине во македонскиот парламент, а потоа веднаш ќе пристигне и во грчкиот. Медиумите во Атина шпекулираат дека Ципрас, со помош на пратеници од Потами, а најверојатно и од по некој пратеник на Независни Грци или движењето за промени, веќе го обезебедил неопходното мнозинство од 151 глас за да се ратификува спогодбата.

И портпаролот на грчката влада е уверен дека потребното мнозинство е обзбедено. Ѕанакопулос во радио интервју посочи дека само неколку дена по ова клучно гласање, пратениците во парламентот ке се изјаснат и за протоколот за влегување на Македонија во нато, под новото име.

– Протоколот ќе се ратификува неколку дена по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент. Самиот премиер, во разговор со новинарите, разјасни дека сето она што се споменува за некакво префрлање на гласањето на протоколот за влез во НАТО по изборите е апсолутна глупост, рече Ѕанакопулос.

Грчките медиуми очекуваат дека и ова гласање ке заврши позитивно. Ифемерида шпекулира дека дури и пратениците на Нова демократија, кои се против Преспанскиот договор, ќе кренат рака за проколот бидејки во спротивно отворено би застанале против НАТО сојузниците.

Извор: Сител