Столтенберг и НАТО советот на почетокот од јуни доаѓаат во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет на 2 и 3 јуни ќе пристигнат во нова официјална посета на Скопје, каде ќе остварат средби со нашиот државен врв.

Столтенберг и членовите на Советот за време на дводневниот престој во земјава ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.