Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Индонезиските власти соопштија дека ќе разменуваат кафе, палмино масло и други суровини за 11 руски борбени авиони „Сухој“.
Меморандумот за разбирање за стокова размена е потпишан на 4 август во Москва помеѓу руската компанија „Ростек“ и индонезиската „ПТ. Перусахан Пердаганган“, кои се во државна сопственост.
„Размената ќе ја надгледуваат двете влади, а се очекува да биде реализирана набргу“, соопшти индонезиското Министерство за трговија.
Министерството за одбрана на Индонезија претходно соопшти дека е финализиран договорот за купување на 11 авиони „Сухој 35“ од Русија, но тогаш не беа објавени условите на договорот.