Стојанче Ангелов, Штерјо Наков и Бранко Азески се закитија со „Свети Никола“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Генералот Стојанче Ангелов, заедно со Штерјо Наков и Бранко Азески, е добитник на орденот „Свети Никола“ на општина Штип.

Како што рече градоначалникот Благој Бочварски, орденот на Ангелов, кој потекнува од Штип, му се доделува затоа што „во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија“.

Добитници на признанието „Свети Никола“ за достигнувања и реални заслуги се бизнисменот Штерјо Наков, почесен конзул на Република Романија во Македонија со седиште во Штип, на Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип и на штипската компанија „Пеком инженеринг“, како општествено одговорна компанија.

Стојанче Ангелов беше предложен, но одбиен од Комисијата за култура за добитник на највисокото општинско признание – наградата „8 Ноември“.

Орденот и и признанијата ќе бидат доделени вечерва, по промоцијата на книгата Житијата и чудата на Свети Јоаким Битолски – Шангајски чудотворец.