Спорт

Стоилов: Се надевам дека ќе го победиме Кјелце и дека Карачиќ ќе плаче

Ракометарите на Вардар в сабота се домаќини на Кјелце во седмото коло од Лигата на шампионите.

Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов се надева дека со помош на публиката ќе стигнат до победа против добро познатиот ривал.

„Не очекува тежок натпревар против секогаш незгодниот Кјелце. Со нив играме секогаш интересни натпревари. Тие се наш голем ривал и сите сакаме да победиме. Се надеваме на поддршка од трибините. Ситуацијата не е лесна за нас. Имаме многу повредени играчи и многу кои штотуку закрепнаа од повреда. Мислам дека во моментов не знаеме на што сме. Наше е да дадеме се од себе како на сите останати натпревари и да се обидеме да победиме“, изјави Стоилов кој потоа проговори за својот пријател, а сега ривал Игор Карачиќ.

„Сум играл многупати со репрезентација против Кара, но сега ќе биде поинаку. Некој ќе плаче на крај, а се надевам дека тоа ќе биде токму тој“.

Advertisements
To Top