Стивен Тајлер од Aerosmith“ стана свештеник – венчавка кај него чини 200.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерот и пејач на познатата рок група „Aerosmith“, 70-годишниот Стивен Тајлер, реши да го прошири дијапазонот на неговото јавно општествено дејствување, па освен веќе докажан пејач, сега се пофали дека станал и свештеник на Универзалната животна црква.

Стивен го завршил онлајн курсот, што го организира Универзалната животна црква , која е вирална црковна заедница што нуди ,, можност за заработување за луѓето од различни култури , вероисповести и уверувања”. Курсот го палтил 80 долари, а со добиениот сертификат Тајлер има дозвола да венчава брачни двојки.

Според таблоидите, Тајлер објавил дека цената на неговите услуги е 200 000 долари. Откако минатата неделе му помогна на синот и на неговата вереница да си разменат брачни завети, Тајлер им се нуди на колегите.

Тој откри дека им понудил венчавка на пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Болдвин, кои се регистрираа во матично во Њујорк , но не се венчани во црква.