Стинг распали по Светското првенство: ФИФА е корумпирана, Мундијалот е полн со национализам


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Планетарно популарниот англиски музичар Стинг не е многу воодушевен од успехот на англиската репрезентација на Светското фудбалско првенство кое се одржува во Русија, бидејќи клупскиот фудбал повеќе го сака од „националистичкиот“ светски турнир кој го организира „корумпираната“ ФИФА.

„Поради тоа повеќе сакам да гледам клупски фудбал“, изјави Стинг за германскиот весник Welt am Sonntag, кој е страстен обожавател на Њукасл Јунајтед.

„Светското првенство е премногу обележано со национализам“, додава 66-годишниот музичар.

Бившиот лидер на култните Police не е среќен поради одлуката на ФИФА организацијата на овогодинешното Светско првенство да им ја додели на Русите.

„Тоа беше фарса, после постапката за кандидатура се појави човекот наречен Путин и ги среди работите“, додава Стинг.