Стимулација на мозкот во текот на спиењето, ја подобрува МЕМОРИЈАТА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Добриот сон се смета за време за исклучување и одморање на мозкот, но студиите покажа дека тоа одлично стимулира тренирање и подобрување на паметењето.

Во истражувањето кое денес го објави истражувачкиот центар ХРЛ Лабараторис, се наведува дека памтењето може да биде подобрено со неинвензивна техника на стимулација на мозокот во текот на сонот.

Пренесувањето на памтењето од еден во друг дел од мозкот за долгорочно памтење е природен процес за кој се верува дека за засилува нивната синхронизација во текот на спиењето.

Истражувачите оттаму се обидоа да го засилат процесот „прекуноќна реактивација“ со стимулирање на мозоците на испитаниците, имитирајќи го делувањето.

Судиите од експериментот потоа во будна состојба детектираа потенцијални закани како експлозивни направи и непријателски снајпери, а нивните резултати се значително подобрени по стимулацијата.

Истражувањето, дел од проектот кој е финансиран од американското министерство за одбрана, последно во низа од објавените студии во кои се заклучува дека активноста во текот на сонот може да има конкретно влијание на нашата можност за памтење.