Стигнуваат летните горештини – еве како правилно и ефикасно да се разладувате


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со првото десетдневие од јуни, како доцна пролет со веќе летни жештини и температури, доаѓаат и првите предизвици за организмот и телото да се носи со горештините и да ги издржува топлите периоди од денот.

А во обид што поуспешно и што побезболно да се издржи во тоа и да се пребродат летните горештини, многу луѓе прават елементарни грешки при разладувањето, освежувањето и хидрирањето на организмот.

Обидувајќи се на брзина да се разладат, луѓето прават голема грешка, па наместо на нивното тело да му биде попријатно, станува полошо.

Голема грешка е за време на големите горештини да се пие студена вода или сокови со многу мраз, бидејќи тогаш на течноста и е потребно повеќе време да се рашири низ телото и да го хидрира.

Поради тоа, идеално е за време на летото да се пие вода на собна температура, бидејќи така телото најбрзо ќе има корист од неа.

Водата е секогаш подобар избор од соковите.

Исто така, иако можеби е тешко да се замисли, добро е да се пие и топол чај, но само кога надвор воздухот е сув, не влажен.

Еве ги четирите клучни фактори со кои најдобро ќе придонесете за разладување и освежување на вашето тело и одржување на важиот организам во хидрирана состојба.

ИСХРАНА

Исхраната е ефикасен метод за контролирање на телесната температура, па така, за време на жешки денови треба да си ја адаптирате и да му овозможите на телото полесно да се справи со високите температури.

Кога се работи за личната исхрана, ви издвојуваме 4 совети со кои ќе му овозможите на телото полесно да се справи со високите температури:

– Јадете мали и лесни оброци повеќе пати во денот, наместо два до три големи оброци во текот на денот. Големите оброци значат оптоварување за организмот и тој треба да работи повеќе, со што ви се покачува телесната температура.
– Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, храна богата со протеини, како и храна која содржи поголемо количество шеќери. Ваквата храна ја зголемува телесната температура. Избегнувајте термички необработена храна како на пример мајонези од домашни јајца и внимавајте какви сладоледи јадете.
– Погрижете се храната термички да ја готвите и да ја конзумирате веднаш по готвењето. Доколку ја чувате во фрижидер, пред конзумација загрејте ја на +100 степени.
– Свежите овошја, салатите, здравите ужинки и зеленчукот се добар избор за исхрана кога има големи жештини. Пред употреба не заборавајте задолжително и добро да ги измиете земјоделските и градинарските производи (свежиот зеленчук и овошјето).

ТЕЧНОСТИ

За време на жешките летни денови токму поради дехидратација на организмот можат да настанат многу здравствени проблеми, па затоа ви издвојуваме 3 клучни совети:

– Пијте многу вода или спортски пијалoци со електролити. Дури и кога не сте навистина жедни, пијте мали количества вода и тоа во текот на целиот ден на секои 15 мин. по една чаша вода.
– Избегнувајте го кафето, чаевите и алкохолните пијалаци, бидејќи со сите овие напитоци телото потешко се справува за време на високи надворешни температури.
– Ако се потите многу во текот на денот, треба да ги обновите минералите и солта во организмот. Една шака соленки или слични грицки се добри за оваа обнова или пак можете да се напиете некој спортски сок кои содржи електролити или овошен џус.
– Повеќе за хидратацијата и потењето на телото можете да дознаете на следниве одлични линкови:

РАЗЛАДУВАЊЕ

Laughing woman cooling off under a spray of water in her orange summer dress on a hot day against a backdrop of green trees.

Освен пиењето многу течности за време на летните горештини, постојаното разладување со вода е многу битна активност за да му помогнете на телото да се справи со високите температури.

– Туширајте се и разладувајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Ќе бидете свежи во текот на целиот ден а со тоа и попродуктивни во задачите кои со себе ги носи денот.
– По потреба, можете да натопите крпа со ладна вода и да ја ставите на вратот, можете да ги чувате нозете во студена вода, и да ги освежите лактата на рацете со млаз вода.
– Ако имате домашен вентилатор направете мини разладувач со тоа што ќе ставите сад со мраз пред вентилаторот па како што мразот се топи и испарува, вентилаторот го издувува воздухот во просторијата, правејќи го поладен и освежителен.
– Ако сте на отворено, барајте чешми или фонтани каде може да се освежите и разладите. Доколку нема чешма или фонтана во ваша близина, погрижете се да носите шише вода со себе со која можете да се разладите.

ОБЛЕКА

Без разлика дали сте внатре или на отворено, кога е жешко треба да избегнувате дебели и темни алишта и да носите лесни, широки и светли алишта.

– Материјалите кои добро ја пропуштаат топлината и кои овозможуваат вашата кожа да дише се памукот, линенот и хемпот. Избегнувајте облека со полиестер или фланел, тие ја задржуваат топлината и не дозволуваат кожата да дише лесно.
– Добар избор за облека во летните горештини се синтетичките спортски облеки кои се направени со цел да ја апсорбираат потта и да ја разладуваат кожата.
– Кога одите надвор погрижете се да не носите темни алишта бидејќи тие апсорбираат сончевата светлина наместо да ја рефлектираат. Колку посветли, широки и тенки алишта имате на себе толку полесно ќе му биде на вашето тело да ја поднесе жештината. Не заборавајте да носите очила за сонце и светла и лесна капа со која ќе го заштитите лицето.
– Секогаш кога излегувате надвор користете заштитни кремови со најмалку 30 SP Фактор за заштита од UV зраци, со цел да си ја заштитие својата кожа од изгореници.