Стигнува новата медицинска метода: Наскоро вашиот доктор може да предвиди дали ви се заканува срцев удар..?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со новата метода на анализа на снимката направена на комојутерска томографија, може да се процени на кои пациенти им се заканува срцев удар, и тоа со години пред да се случи, утврдија научници од Оксфорд.

Технологијата е развиена во соработка со здравствените установи во Германија и САД. Клучно е користењето на посебен алгоритам за проучување на маснотиите собрани околу коронарните артерии прикажани на снимката на срцето.

Маснотиите се менуваат кога артеријата ќе се воспали, што може да послужи како систем за рано предупредување во 30% од случаите кога станува збор за срцев удар.

Ако може да се идентификува воспаление на артериите на срцето, тогаш може да се каже која од нив ќе предизвика срцев напад, објаснуваат оксфордските научници.

Поголемиот дел од срцеви удари се предизвикани од собирањето на маснотиите во внатрешниот ѕид на артеријата, што ги разранува, ја намалува проодноста и дотокот на крв во срцето.

Снимките од CT засега, им покажуваат на докторите кое е местото на кое артеријата веќе е разранета поради насобраните маснотии, а со новата технологија лекарите ќе можат да предвидат на кои артерии им прети разранување.

Експертите веруваат дека оваа метода ќе биде одобрена во следната една година.

„Можеме да им кажеме на пациентите, вашите артерии се воспалени и разранети и ќе се случи се во рок од пет години. Затоа, можете веќе денес да почнете да преземете превентивни мерки за да го спречите настанувањето на наслаги од маснотии“, порачуваат од Оксфорд.

Срцевиот и мозочен удар се двата најголеми предизвикувачи на смрт во светот.