Стигна потврда: Наполи договори засилување од 80 милиони евра!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италиајнскиот клуб Наполи е на чекор да го комплетира најскапиот трансфер во својата историја, откако постигна договор со Лил за напаѓачот Николас Пепе.

Николас Пепе минатата сезона беше вистинска сензација во Лига 1 и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Наполи успеа да ја победи конкуренцијата.

За Пепе силен интерес покажуваа Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Интер, Арсенал, а Лил за неговата слобода бараше 80 милиони евра.

Наполи ја понуди таа сума и постигна договор со францускиот клуб, па сега останува уште да ги договори личните услови со крилниот напаѓач.

„Добивме понуди кои ги задоволуваат нашите финансиски барања. Де Лаурентис ја одобри нашата барана сума од 80 милиони евра. Сега се зависи од фудбалерот каде ќе одлучи да оди. Зависи и од понудите кои агентите ги прибираат од другите клубови“, потврди претседателот на Лил.

Николас Пепе беше избран во најдобриот тим за изминатата сезона во францускиот шампионат и постигна 22 гола во дресот на Лил.

Наполи му нуди 5 милиони евра по сезона и медиумите тврдат дека наскоро трансферот ќе биде комплетиран.